Бројката е достигната точно по 76 години и 11 месеци од стартот на првичното производство на камионот „G1“, во август 1935 година. 

До крајот на јуни годинава, вкупното производство во Јапонија ја достигна цифрата од 145.21 милиони возила, а во странство се направени 55.12 милиони. Во период од 1992 до крајот на минатата година во погоните на „Тојота“ во Европа (во Чешка, Франција, Русија, Португалија, Турција и Велика Британија) се произведени 7,44 милиони модели. 
Следната цел на компанијата, со над 300 илјади вработени лица ширум светот, е да достигне бројка од 400 милиони произведени возила но со малку поинаква стратегија односно Тојота планира мнозинството од производството да се одвива надвор од Јапонија, а со тоа значително да ги намали трошоците за производство.