Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 18 часот на патниот правец Охрид-Св. Наум, кај Славија. За среќа во судирот на патнички моторни возила Тојота и Пежо, нема жртви, а причинета е поголема материјална штета.


пежото заврши во заштитната ограда

Неофицијално до несреќата дошло кога возилото „тојота“ со битолски регистарски таблички во која бил само возачот, движејќи се кон Св. Наум без да даде жмигавец од десната коловозна лента преминало на левата со цел да заврти кон преминот за спротивниот правец. Во тој момент одзади по левата коловозна лента се движело возило „Пежо“ при што дошло до судир. Тојотата завршила на паркингот во „Орце Николов“, а „партнерот“ во заштитната ограда која им го спасила животот на четворицата патници кои за среќа носеле и заштитни појаси.


патниците во пежото имале среќа

Увид на местото на несреќата изврши сообраќајната полиција која ги истражува причините за судирот, кој за среќа мина без жртви.

ohridnews