Капитенот на женската ракометна репрезентација на Македонија, 35-годишната Наталија Тодоровска, веројатно и’ стави крај на блескавата кариера истовремено со раскинот на договорот со есенскиот првак на Србија, Заечар. Од оваа информација е изненаден и селекторот Јосиф Петковиќ, кој ќе има сериозен проблем да најде соодветна замена на деснокрилната позиција во националниот тим ако Тодоровска во меѓувреме не се предомисли.


Тодоровска во Заечар премина во почетокот од сезонава од Подравка, која поради тешката финансиска криза реши да се ослободи од странците. Дотогаш популарната Нате пет години ги бранеше боите на екипата од Копривница, во која дојде од Кометал Ѓорче Петров. Со ѓорчепетровки ја освои Лигата на шампионите уште во својата прва сезона 2002, а три години подоцна играше во финалето.

За македонската репрезентација дебитира во квалификациите за СП 2003. На ЕП 2008 беше прв стрелец и најдобар играч во домашната селекција, а на СП 1997 беше избрана во идеалниот тим како репрезентативка на Русија. Тодоровска е родена во Волгоград и пред да стане македонска снаа го носеше презимето Малахова.

ohridnews