Охридскиот арбитар Жарко Тодоровски го помина првиот од двата задолжителни теста за здобивање со највисоката судиска категорија “Републичка “

Тодоровски пред судиската комисја ја бранеше “семинарската“со работен наслов “терен за игра“. Покрај одбраната на сминарската, тој одговараше и на 24 тест прашања за теоретско познавање на правилата.

По полагањето на теоретскиот тест ќе следува и практичен дел кој се состои од судење на два прволигашки или второлигашки натпревари.

М.П.