Еуромилк во Охрид претрпе пораз од првопласираниот Вардар 2-0 и остана на 14 бодови со кои се наоѓа на деветтата позиција.

– Не сакам да барам алиби за поразот, но на овој меч настапивме без 3-4 фудбалери, а капак не се беше повредата на нашиот најдобар стрелец Александар Стојановски. Разочаран сум од овој Вардар, кој го гледав во Охрид. Лидерот на табелата без посериозна прилика успеа да даде два гола, а што останува за останатите тимоти кои се позади „црвено црните“. Нам ни преостанува да се бориме и да ја остваривме зацртаната цел во оваа сезона а тоа е опстанок во елитата – рече Тодоровски.

За „млекарите“ ова е дебитанската сезона во Првата лига откако минатата преку бараж средба успеаја да обезбад пласман во елитата.

Мх.П.