Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи за пријателскиот натпревар против Црна Гора. Единствено ново име е играчот на ФК Рад од Белград, 25-годишниот Александар Тодоровски.

Повикани се следните играчи:

Голмани : Пачовски Томе – Жерминал Бершот / Белгија, Нурединовски Един – Етникос Акнас / Кипар

Одбрана : Седлоски Гоце – Матерсбург / Австрија, Митрески Игор – ЦСКА Софија / Бугарија, Лазаревски Владе – Ријека / Хрватска, Новески Николче – Мајнц 05 / Германија, Грнчаров Бобан – АПОЕЛ / Кипар

Среден ред : Алими Арменд – Истра – Пула / Хрватска, Шумуликоски Величе – Престон Норт Енд / Англија, Деспотовски Филип – Ворскла / Украина, Попов Горан – Херенвен / Холандија,Тодоровски – Александар Рад / Србија

Георгиевски Славчо – Етникос Акнас / Кипар

Напад : Пандев Горан – Интер / Италија, Наумоски Илчо – Матерсбург / Австрија, Стојков Ацо – Арау / Швајцарија
Ибраими Бесарт – Шалке 04 / Германија, Савиќ Душан – Брашов / Романија

Натпреварот ќе се одигра на 3ти Март на Националната арена Филип Втори со почеток 14:30 часот.

Ohridnews