Горан Тодоровски стратегот на прилепска Победа е единствениот тренер кај прволигашите кој покрај тренерскиот занает, уште е активен фудбалер.

Популарниот Сивчо настапува за третолигашот Мирче Ацев од Македонски Брод кој се натпреварува во Југозападниот регион. Тодоровски е еден од највозрасните играчи во лигата.

Не им се давам на младите. Секој момент го користам за да ја одржам мојата кондиција, а натпреварите со Мирче Ацев ми помагаат во тоа – вели тој.

Неговиот тим викендов загуби од Кораб во Дебар со 3-0, а Сивчо се враќа во Прилеп каде што го очекува макотрпна работа со Победа.

Нé очекуваат два исклучително важни натпревари против Пелистер и против Турново, а има уште многу да се игра до крајот – завршува Тодоровски.

М.П.