Досега сите приватни универзитети покажаа сериозна активност во процесот на отстранување на забелешките на кои им укажавме во нивното работење,  изјави министерот за образование и наука, Никола Тодоров.

„Откако ќе истече рокот за отстранување на недостатоците од 40 дена, државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор за да се провери дали се отстранети неправилностите во работењето кои им беа укажани“, рече министерот. Тој вели дека не може да се повикаат само на документацијата која е добиена од универзитетите. По извршена инспекција ќе се утврди кои универзитети ги исполнуваат условите.



На крајот на јуни Државниот просветен инспекторат пронајде неправилности во работењето на пет универзитет Еуроколеџ од Куманово, Академија „Италијана“, Универзитетот МИТ, „Смилевски Бас“ и факултетот за Бизнис во Скопје, како и кај Меѓународниот Универзитет во Струга.

Универзитетот “Њујорк“  во Скопје престана со работа со образложение дека не може да ги елиминира недостатоците кои беа констатирани.

Министерството за образование утврди рок од 40 дена, во кој треба да ги отстранат недостатоците, доколку не се придржуваат ќе следуваат казни, односно привремено затворање или прекршочни пријави.

Ohridnews
извор: Makfaks