„ Заедно со светската банка работиме на ваков модел, методологија на цена на чинење по студент, кој ќе овозможи постабилно, порационално и поразвојно фокусирано финансирање на високото образование. Мислам дека на овој начин и со користење на мислењето од експертите коишто се платени од Светската банка, а кои имаат долгогодишно искуство во градење вакви системи, ќе можеме во Македонија да разработиме неколку системи за кои потоа ќе разговараме, и на крај да избереме еден од нив, за да го преземеме за наш систем за високо образование“, рече Тодоров и додаде дека ваквиот чекор ќе придонесе за повисоко ниво на отчетност на јавните универзитети кога станува збор за финансиите кои тие ги добиваат од државниот Буџет.
Тој рече дека овие промени се многу сложени и процесот на консултации, развивање на моделите, дискусијата за тие модели и тоа што ќе значат овие промени во високото образование, ќе трае подолг период, веројатно шест месеци до една година.
извор: Makfaks