Одземањето на ингеренциите на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, е краен инструмент кој што би го применил Министерот за образование Никола Тодоров, од како струшкиот градоначалник отвори проблеми со наставата на албански јазик во селото  Подгорци.

„Мислам дека треба да се применува само во исклучителни ситуации инаку би се нарушил целиот концепт на децентрализацијата. Пред да се преземе оваа крајна мерка треба да се превземат сите останати мерки што согласно законот се на располагање и ќе се држиме во тој правец. Јас ќе ги применам сите мерки согласно законот и ќе се обидам на тој начин да издејствувам примена на правото “ изјави Тодоров.



Сега на располагање на министерот Тодоров, му се прекршочни пријави, мандатни казни и други форми кои се предвидени со законот.

Струшкиот градоначалник инсистираше и вршеше притисок врз директорот и училишниот одбор, децата да добијат сведителства на албански јазик во струшкото село Подгорци.     Воведувањето на наставата на албански јазик во основното училиште “Гоце Делчев” се случи среде школска година. Во првото полугодие децата учеле на македонски јазик.

Од Министерството за образование велат дека на кој јазик се следи наставата, на тој треба да се доделат и сведителствата. Тодоров им наредил на директорот на училиштето да се забрани следење на настава на албански јазик.

Ohridnews
извор: Makfaks