Кој чека, ќе дочека…и МЗТ Скопје дочека 20 години за титула во македонското првенство. “Плаво белите“ во финалето со 4-1 го совладаа Фени Индустри. Тренерот на “металците“ Александар Тодоров, не ги криеше емоциите после клучната победа над Фени.

Ова е неверојатно, но и очекувано. Заедно со кошаркарите целата сезона ја поминавме низ секакви пречки, но на крајот само титулата се памети. Посебно да се заблогадарам за стручниот штаб кој несебично ми дава подршка кога е најтешко. Првата титула во историјата на МЗТ Скопје, им ја посветувам на навивачката група Фемили, кои се вистински ветар во грб – истакна Тодоров.

39-годишниот тренер заедно со МЗТ Скопје не задоволуваат со двојната круна. “Металците“ од следната сезона ќе се натпреваруваат во Јадранска Лига.

Мх.П.