Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти, вели Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија, од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.

Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка предвидуваме изградба на детски игралишта. Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден изградба на ново мултифункционално спортско игралиште, како и промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”. Во населба 15 Корпус предвидуваме поставување на забавувачи на брзина на улица „Кленоец“. Во населбите Далјан, Воска и Лескајца – реконструкција на ПОУ „Свети Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современи детски игралишта, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на речното корито на река Грашница, вели Тодева-Стојановска.

Додава дека во Подмоље предвидена е изградба и реконструкција на канализационен систем, поставување автобуски постојки. Во Рача уредување на корито од реката што поминува низ Рача, асфалтирање на главни и споредни улици и изградба на тротоари. Во Коњско изградба на рекреативна патека, поставување автобуски постојки.

Во Елшани изградба и реконструкција на детско игралиште, како и изградба на пешачка патека. Во Пештани доизградба на кејот на брегот на езерото, Реконструкција на отвореното спортско игралиште во рамки на ОУ „Свети Наум Охридски“. Во Трпејца реконструкција на ПОУ „Свети Наум Охридски” и изградба и реконструкција на канализационен систем. Во Љубаништа изведба на пешачка патека од Љубаништа до Автокамп Љубаништа, како и санирање на Домот, информира Тодева-Стојановска.

Во Вапила предвидена е санација на металната ограда на мостот, како и поставување на водоводна мрежа. Во Ливоишта чистење и уредување на речното корито, изведба на резервоар за питка вода и целосно одделување на водоводниот систем од Вапила. Во Куратица изградба на нов водовод, асфалтирање на патот до црквата Света Богородица, тампонирање на патот од Куратица до Злести. И ова не се сите проекти, туку само дел од програмата „За Охрид Гарантираме“, додава Тодева-Стојановска.

OhridNews