Втора година по ред под мотото ” Со Тоше во срцата, со љубов кон децата ” во чест на роденденот на големиот хуманист и пејач Тоше Проески, охридските основни и средни училишта го играа спортот кој тој намјногу го сакаше, одбојката.

Од “Црвениот крст”, кој е еден од организаторите, очекуваат турнирот да прерасне во традицинален.   

Сигурни сме дека овај турнир ќе прерасне во традиција.Со овај турнир на кој што сакаме да ги потикниме младите на хуманост и да го разбудиме спостскиот дух кај младите -рече Сашо Точко од “Црвениот Крст”  

Покрај “Црвениот Крст” во организацијата на хуманитарниот трунир во одбојка несебично помогнаа Созјуот за училишен спорт и ЈП Билјанини Извори.

Почетниот сервис на хуманитарниот турнир го изведе  градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој претходно, заедно со претставникот на Сојузот на училишни спортови, ги поздрави учесниците и младата публика.

Заедно со црвениот крст го оргазниравме овај турнир во одбојка за основните училишта, во чест на Тоше. Ние продолжуваме со органзиција на турнири за основците со цел да се врати спортскиот дух кај младите охриѓани. – истакна градоначалникот на Охрид.  

Победник на хуманитарниот турнир е ОУ “Братство Единство” кое во финалето со 2-0 во сетови го совлада ОУ “Христо Узунов”.

М.П.