Ракометниот клуб Охрид, стави точка на сезонава и веднаш сврти нов лист, насочувајќи се кон следната сезона во македонското елитно друштво. „Гладијаторите“, не посакуваа ваков развој на настаните и крај на ракометните возбудувања, но пандемијата на коронавирусот ги поремети сите планови. Охридскиот клуб со пласманот на втората позиција и со билет в рака за учество во плејофот ги оствари целите, а амбициите во разигрувањето беа пласман на местата на табелата кои водат во Европа.

Со таква амбиција, охридскиот клуб го започнува првиот лист од плановите за новата сезона. Охрид ќе остане стабилен суперлигаш, со буџет како и претходно, поддршка од градот, армијата навивачи и желната охридска публика за квалитетен ракомет.

Будно ја пратиме ситуацијата и состојбата во Македонија со коронавирусот. Им даваме силна поддршка на лицата кои се на првата борбена линија. За нас, тие се вистински победници. Како клуб, сакаме да информираме дека ги прифативме предлозите и измените од Ракометната федерацијата за сезонава и следните две кои доаѓаат. Дадено ни е цврсто ветување  од локалните стопанственици за реализација на ваучерот за финансиска поддшрка на спортот, доделен од Агенцијата за млади и спорт. Тоа значи, дека клубот ќе функционира нормално како и до сега. Со дел од играчите е разговарано за понатамошната соработка и во најскоро време ќе бидат објавени нивните имиња. Покрај сите активности со сенироскиот состав, во никој случај нема и не смееме да ги запоседнеме младинските категории. Тие констатно се во нашиот фокус  и визија. Младинските екипи, повеќе од успешно се натпреваруваа во своите категории и заслужуваат искрени пофалби и честитски за резултати. – изјавија од клубот.

Охридскиот клуб кој заврши на втората позиција на табелата во регуларниот дел од Супер лигата ја посакува довербата од РФМ и за излез во Европа. Билетот за евро-настапите ќе предизвика голема еуфорија и ќе го направи летото уште „потопло“ во Охрид.

Михаил Постоловски