Актерот Тоби Мекгваер е осомничен дека учествувал на илегални турнири во покер, на кои, во периодот од 2006 до 2009 година најверојатно освоил неколку милиони долари. Звездата на филмот Спајдермен е осомничен дека учествувал на турнири кои се организирале на Беверли Хилс. Бил одржувани во приватни станови или во луксузни хотели, а меѓу учесниците се споменуваат и Леонардо ди Каприо, Мет Дејмон и Бен Афлек, кои за сега не се обвинети.
Во судските документи се наведува дека турнирите биле ексклузивни настани, достапни само на гости со покани, меѓу кои се наоѓале познати личности, бизнисмени и адвокати, а Тоби се споменува како многу чест учесник. Коцкањето без дозвола е илегално во Калифорнија, па доколку се докаже неговата вина, Тоби ќе мора да ја врати целата сума која ја освоил, а за која се претпоставува дека изнесува повеќе милиони долари.