На оваа необична луксузна тоалетна школка, целата површина била прекриена со Сваровски кристали, освен даската на која се седи. Школката „Сатис“ била произведена од јапонската компанија Ликсил. Овој помалку чуден производ не е за продажба, иако чинел 130 илјади долари, а бил претставен на саемот во Токио.


Доколку за некого ова не е доволно, од компанијата дизајнирале и слично казанче, така да целокупната варијанта била прекриена со повеќе од 100 илјади кристали. Меѓутоа, ниту еден од овие производи не бил на продажба, иако некои од сопствениците на златни тоалетни школки низ светот можеби помислиле своите постоечки да ги заменат со новите, кристални тоалетни школки.