Еден британски претприемач машки тоалет од 19 век во Лондон го претворил во удобно кафуле во кое ги задржал ѕидните и подните плочки, како и старите викторијански порцелански писоари. Сопственикот кафулето го нарекол ‘Attendant’ и темелно го исчистил и реновирал, пренеле британските медиуми.
Во барот имало голем шанк од цигли, а гостите морале да седат на зелени барски столици поставени кај писоарите кои биле претворени во простори за седење. Обновата на тоалетот сопственикот го чинела 115 илјади евра.