На средина од вториот циклус словенчкиот фудбалски стручњак Сречко Катенец ја напушти македонската фудбалска репрезентација. Катанец Македонија ја водеше на 16 официјални натпревари. 12 од натпреврите беа од квалификациите за ЕП 2008 , додека 4 од квалификациите за СП 2010.
Во квалификациите за ЕП во Австрија и Швајцарија бевме во група со Англија, Русија, Хрватска, Изреал, Естонија и Андора.

Првиот циклус Македонија го заврши на 4 – то место со 14 освоени бода. Со победа стартувавме против Естонија 0-1, го надминавме “комплексот“ наречен Андора откако таму ги совладавме со 3-0, додека во чест на Тоше во Скопје повторно ги добивме со 3-0. Најслатката победа ја извојуваме над Хрватска со 2-0, победа која сепак не промени нешто во крајниот исход на квалификциите.


Два пати ремизиравме, на “Градски“ 1-1 против Естонија, додека ремито 0-0 на Олд Трафорд беше рамно на победа, реми кое подоцна се покажа како фатално за Гордиот Албион.

Шест пати теренот го напуштивме поразени. На “Градски“ Англија не не` надигра но не`победи 1-0, “коцкастите“ на Максимир добро ги испотивме се до  финишот кога со голот на Едуардо бевме совалдани 2-1. Русија и Изреал на два пати не преслушаа. Руската селекција беше таа која во Скопје не разби со 2-0, додека во Москва 3-0. Изреал во Скопје не порази со 2-1, додека во Тел Авив со 1-0.

Катанец на квалификациите за СП не водеше само на четири натпревари. Противници во 9 група ни се Холандија, Шкотска, Норвешка и Исланд.


Одлично започнавме против Шкотска 1-0, победа која ги подгреа надежите дека конечно може да направиме квалитетен исчекор напред. Само четири дена подоцна Холандија не совлада на Градски со 2-1. Клучниот пораз по кој пукнаа работите беше онај на Исланд кога бевме поразени со 1-0, пораз по кој колата тргна низбрдо. Катанец на последниот натпревар на Македонската клупа го претпре најтешкиот пораз. На “Амстердам Арена“ бевме понижени со 4-0.


Под водство на словенецот Македонија во Октомври 2008 година се најде на 46 место на ФИФА ранг листата , што преставува надјобар пласман воопшто.

М.П.