Повеќе од 2.000 IT-производи како што се лаптопи, таблети, смартфони, фотоапарати, компјутерска опрема и галантерија од најпознатите светски брендови „Lenovo“, „Acer“, „HP“, „Samsung“, „Apple“ и многу други отсега ќе може да се купат во продажниот салон на „TnT it market“ кој беше отворен вечерва во Охрид.

Салонот кој се наоѓа на улица „Партизанска 1/10“ претставува модерен „IT“-центар каде што клиентите ќе може да добијат квалитетна и соодветна услуга од професионалната екипа на компанијата.

Менаџерите на „TnT it market“ велат дека освен гарантираниот квалитет на производите во салонот во Охрид ќе ги нудат најдобрите цени и стручни совети.

Отварањето на нашиот нов продажен салон во градот Охрид е уште еден чекор во успешниот пат кој со години го поминуваме. „TnT it market“ постои веќе 8 години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто од „IT“ светот на своите потрошувачи. Тие освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на прашањата кои ги имаат. Огромно задоволство ни е тоа што од денес веќе сме присутни и во Охрид каде што ќе озовможиме на сите граѓани пристап до најквалитетните „IT“ производи по неодоливи цени, изјави Бобан Тотовски, управител на „TnT it market“.

Тој нагласи дека сите потрошувачи кои од денеска до 30-ти септември ќе го посетат новиот продажен салон на „TnТ it market“ во Охрид, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.

Освен во Охрид „TnТ it market“ има два продажни салони во Скопје, а во иднина се планира проширување на продажната мрежа и во другите градови во Македонија. Сите производи на „TnТ it market“ се достапни и на веб сајтот на компанијата од каде што може да се купат онлајн.

OhridNews