Уште еден земјотрес почувствуван е попладнево во регионот. Според првичните информации, во 16:14 часот регистриран е земјотрес на 8 километри северозападно од Лерин, Грција, со јачина од 4,2 степени според Рихтер.
Земјотресот беше почувствуван и во Охрид.
Тлото не мирува откако цо истото епицентрачно подрачје на 9 јануари беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер, по кој следуваа серија потреси со помал интензитет, таканаречени афтершокови, кои внесуваат вознемиреност кај населението, особено во битолскиот крај каде се регистрирани оштетувања на објекти.
Г.М.