Интернет страната нa проектот „Духот на Охрид“ не е згасната тврди раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Тој објаснува дека завршилл договорот на хостирање на официјалниот веб сајт на проектот, но дека истиот е достапен на официјалната веб страна на секторот, како сервисна информација.
– Во текот на имплеметацијата, Проектот имаше договор со американски сервер за хостиранје на веб страната. Со официјалното завршување на проектот обврската за одржуванје и хостирање ја презеде Општина Охрид
преку секторот ТЛЕР и веќе подолго време е поставена и можете слободно да ја посетите на “www.ohridler.gov.mk“, вели раководителот на ТЛЕР, Гоце Симоноски .
Посочената страна од страна на раководителот на ТЛЕР не е целосно во функција. На неа стои соопштение дека истата е во доработка и наскоро ќе биде достапна целосно за читателите, па поради тоа во моментов содржините на неа не можат да се разгледаат целосно.
Веб страната е во изработка
Симоноски во писмената реакција потврдува дека новата веб страна се подготвува и како што вели ќе биде во функција на промоцијата на туризмот, локалниот економски развој на опстината и транспарентната и непосредна соработка со граганите. „Секторот ТЛЕР продолзува со хостиранје и надополнуванје на истата а за скоро време ке биде линкована на повеке светски сервери“, вели Симоноски.Истата страна ќе биде и пилот модел за функциониранје на електронска општина, додава Симоноски.
Проектот „Духот на Охрид“ беше финансиран од КАРДС програмата на Европската унија.