Пoд насловот „Ткаење черга“, во петокот на 26 март 2010-та година, во просториите на Македонскиот културно образовен центар „Илинден“ во Рокдаел-Сиднеј, се одржа поетска вечер. Поетската вечер ја организираше Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“, по повод 55 годишнината од уметничкото творештво на Вукосава Донева, позната артистка од Македонскиот Народен Театар-Скопје, и долгогодишен член на ова друштво.
Вукосава Донева прослави 55 години од своето творештво
Покрај поетските рецитали и читања, вечерта беше збогатена со извонреден настап на играорците на МКУД “Илинден” од Рокдаел со сплетови од богатиот македонскиот фолклор.