Тивка војна се води помеѓу Советот и градоначалникот на Охрид. Петрески на промоцијата на публикацијата за потрошените средства и реализираните проекти во првите две години од мандатот го обвини Советот дека ја опструира неговата работа и дека без негово знаење се покренува иницијатива за измена на статутот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС.
Петрески забележува дека претставниците на Советот одржале прес конференција без тој да биде информиран за тоа. Петрески смета дека пресот што советниците го одржаа минатата недела не бил потребен затоа што тој како член на УО на ЗЕЛС се залагал советите да добијат повеќе ингеренции. Од 85 совети, охридскиот немаше потреба да биде втор по тој во Кисела вода што ќе се јави со прес конференција, рече Петрески кој смета дека со тоа е нарушен неговиот углед.
засладени односите помежу градоначалникот и Советот
Градоначалникот не крие дека има отворени несогласувања меѓу него и советот со цел како што рече да не се реализира неговата програма. Тоа според него ќе влијае на реализација на проектите од кои зависи развојот на општината.
Петрески не одговори директно какви се неговите односи со претседавачот на Советот, Владо Чингоски, но рече дека претседателот на Советот го избира мнозинството.
Инаку тимот на градоначалникот Петрески денеска на прес конференција ја промовираше публикацијата за реализираните проекти на локалната самоуправа во првите две години од мандатот на градоначалникот.
Како што истакна советникот за образование Митре Велјаноски публикацијата претставува отчет за сработеното и потрошеното во изминатите две години пред граѓаните на Охрид.
“Целта е на еден транспарентен начин на гражаните да им поокажеме каде потрочени нивните пари. Во публикацијата се опфатени позначајните зафати во повеќе области, се она на што граѓаните се сведоци дека во минатиот период се направи“, рече Велјаноски.
На ваков начин секој граѓанин на Охрид најизворно ќе биде запознат со реализираните проекти и ќе може да направи споредба каква била состојбата во комуналната свера, во образованието, инфраструктурата пред две години, каква е сега, додаде Велјаноски.
Г. Момироски