На теренот со вештачка трева во склоп на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ денеска од 18 до 20 часот ќе бидат изложени највредните клупски трофеи.
Охриѓани ќе имаат можност одблиску да ги видат титулите од Лигата на Шампиони, Лигата на Европа и Супер купот на Европа и да се фотографираат.
Со турнејата на трофеите од трите најквалитетни клупски натпреварувања почнуваат финалните подготовки за престојниот Супер куп натпревар во кој на 8 август силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
OhridNews