Ракометниот клуб Вардар ја освои титулата во македонската Супер лига, завршувајќи на првата позиција на табелата после 14-ет одиграни мечеви во плејофот.

„Црвено црните“ новата, вкупно 14-та титула во клупска историја ја обезбедија со триумф во градската пресметка против Металург со 39-27.

Битолскиот колектив Еурофарм Пелистер ја одработи својата задача, победувајќи го Охрид со 30-14, но заостана во трката со Вардар поради послабиот меѓусебен скор.

Во топ 4 завршија Металург и Пролет, а пред Охрид на петтата позиција се најде Бутел Скопје. На шестата и седмата позиција завршија Еурофарм Пелистер 2 односно Струга.

Завесата во мак-ракометот ќе се спушти утре (четврток) со последната рунда од плејаутот.

OhridNews