Фудбалерите на Реал Мадрид се искачија на тронот во шпанскиот фудбал освојувајќи ја титулата во Примера дивизион. „Кралевите“ новата, вкупно 32-та титула од националниот шампионат ја осигураа со домашниот триумф (2-1) над Виљареал.

Клуч за титулата на Реал Мадрид беше серијата од 10 победи. Од рестартот на првенството до победата над Виљареал, „лос бланкос“ газеа се пред себе додека Барселона имаше неколку киксови и го загуби здивот во трката за титулата.

На Барселона ја очекува работно летно. Каталонците сигурно ќе менуваат на тренерската позиција бидејќи ниту Ернесто Валверде а подоцна и Кике Сетиен не ги оправдаа очекувањата. Како наследници се споменуваат многу, но најважно за Барселона е продолжување на соработката со Лионел Меси.

OhridNews