Победата и освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони многу веројатно ќе го расчисти големото небо на неизвесност кое беше надвиснато над Вардар после објавата на Сергеј Самсоненко дека се повлекува од клубот во немоќ да обезбеди финасиски средства за спонзорство. Ракометарите иако шокирани, собраа сили, и најпрво му одржаа час по модерен ракомет на Пик Сегед во четвртиотфиналниот двомеч, а потоа им покажаа на Барселона и Веспрем што значат зборовите „гинење на терен“ совладувајќи на завршниот турнир во Клен за нова вкупно втора титула.
Честитките и признанијата за „црвено црните“ стигнуваат од сите страни. Симпатизерите на клубот од цела Македонија синоќа им се поклонија на ракометарите пречекувајќи ги како вистински шампиони од аеродромот до градскиот плоштад и нивните домови. Во еуфоријата после освојувањето на титула имаше секакви изјави, но први конкретни чекори за задржување на овој шампионски Вардар стигнаа денеска со ветените премии од Премиерот Заев, Агенцијатата за млади и спорт, градот Скопје и Самсоненко, кој најави дека нема така лесно да се повлече и да го остави клубот кога е најголемото скалило во европскиот ракомет. Кога на овие финансиски инекции ќе се додаде заслужената награда која не е голема но добре дојдена во вакви моменти од ЕХФ се јавува голема надеж дека македонската спортска гордост нема да го загуби шампионскиот сјај и повторно ќе биде страв и трепет за противниците.
Денеска свое останување што ја зголемува можноста за нормално функционирање на овој успешен Вардар најавија Тимур Дибиров, Сташ Скубе и Иван Чупиќ а никогаш Стојанче Стоилов како капитен на екипата не се искажа(л) во јавноста дека сака(л) да замине.
Ден после прославата а два после покорувањето на Европа, Вардар се поврзува со неколку имиња кои ќе бидат замена за играчите кои го потврдија заминувањето, што дава дополнителен импулс дека не се кренати раце и веќе активно се работи за новата сезона во која клубот од Јане Сандански ќе има нов предизвик.
OhridNews