Дека кошарката што се игра на стариот континент и успехот направен овде не гарантира успех и во НБА лигата на своја кожа го осети српскиот стратег Игор Кокошков, кој доби отказно решение од тимот на Феникс Санс.
Кокошков со селекцијата на Словенија предводена од Драгиќ и Дончиќ стигна до титулата на Евробаскетот во Турција 2017 година, но во екипата на Феникс не се снајде најдобро. „Сонцата“ во регуларниот дел од сезоната забележаа само 19 победи и претрпеа 63 порази што беше доволен показател за лошата работа на Кокошков.
Челниците на Финикс на местото на Кокошков ќе се обидат да го донесат помошникот во стручниот штаб на Филадлефија Монти Вилијамс, за чии услуги се заинтересирани и ЛА Лејкерс.
OhridNews