Екипата на Ливерпул, доминатно, како никој клуб претходно во Англија ја освои титулата во Премиер лигата. Навивачите, чекаа и чекаа, 30 години за титула, но вредеше, бидејќи беше освоена во голем стил со убедливи победи и допадлива игра.
Клубот од Енфилд, ги издвои десетте мечеви кои биле клучни за титулата. Зачудувачки, еден од нив е последниот натпревар од минатата сезона, кога во мртва трка ривалот Манчестер Сити побегна еден бод и се закити со титулата. На тој меч со Вулверхемптон, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп видел многу храброст и позитивна енергија во екипата, без разлика на големиот неуспех.
Походот на Ливерпул кон долго очекуваната титулата започна на гостински терен против Шефилд Јунајтед со минимална победа 1-0. Потоа, следеше тесниот триумф над Лестер 2-1 и ремито на Олд Трафорд (1-1) со Манчестер Јунајтед. „Црвените“ со фантастичен пресврт славеа на Вила Парк против Астон Вила со 2-1 а потоа дојде големото дерби со Манчестер Сити и убедлива победа 3-1 на домашен терен. Зрелоста за титулата Ливерпул ја демонстрираше во Лестер совладувајќи го домаќинот со 4-0, а победите над Манчестер Јунајтед 2-0, Вулверхемптон 2-1 и Кристал Палас 4-0 беа шлагот на тортата.
10 Moments that won the Premier League title
10 moments that won the Premier League title ?What a team ❤️
Posted by Liverpool FC on Friday, June 26, 2020
OhridNews