По повод 1-ви Мај, Меѓународниот празник на трудот, здружението на граѓани “Титоисти”, упати честитка до граѓаните на Општина Охрид, во која се критикува актуелната економска состојба во државата.

-Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права, и на изразувањето работничка солидарност. Денес, за жал, голем број граѓани не можат да го остварат едно од нивните основни права, правото на работа!

Поради тоа, 1-ви Мај силно не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за промена на таквата состојба, затоа што правото на работа и правото на живот од неа, не се само цивилизациска придобивка туку и императив за залагање на целата заедница за нивно остварување.– се вели во соопштението на „Титоистите“.

OhridNews