Суперкомпјутерот „Титан“ на американското министерство за енергетика, до крајот на месецов, најверојатно ќе стане најбрзиот комјутер на светот.
Илјадниците енергетско-штедливи графички чипови на „Тесла“ од производителот Nvdiа, ќе овозможат 20 квадрилиони пресметки во секунда(20 петафлопи), што е за една петтина повеќе од моментално најбрзиот компјутер на светот.
За оваа супермоќ на „Титан“, ќе бидат потребни повеќе од половина милион компјутери. Овие параметри, ќе овозможат да се извршат комплексни матријални анализи, како и симулација на времето и времеснки прилики во светот.
Најпрво, компјутерот ќе помине низ низа тестирања, а се очекува резултатите да бидат обелоденети на крајот од ноември, на конференцијата за суперкомјутери во Солт Лејк Сити.
Инаку, моментално најбрз е суперкомпјутерот “Sequoia” на производителот IBM, кој извршува 16 квадрилиони пресметки во секунда.