Албанскиот главен град Тирана е во десетте најопасни градови во Европа, пишува британскиот весник „The Top Tens“. Информацијата ја пренесува албанскиот весник „Бота Сот“ кој според истите извори наведува дека Тирана е на четврто место, додека пак најопасен град е Москва, а потоа следат Глазгов и Сараево.

По Тирана следат Наполи, Белград, Малме, Софија итн. За Тирана се наведува дека е град на албанската мафија, дрогата , трговијата со луѓе,  убиства  и насилства. Притоа се додава дека според ФБИ, албанската мафија е една од трите најмоќни организации во светот, додека пак според Интерпол, албанската мафија е втора во светот.