Официјална Тирана со предлог законот за „Заштита на малцинствата во Албанија“, кој е подготвен од страна на Владата, како малцинства ги признава Македонците, Грците, Власите, Црногорците, Србите, Бошнаците и Египќаните. Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати преставувајќи го предлог законот во собраниските комисии истакна дека во согласност со препораките на Европската унија (ЕУ), Албанија го носи овој значаен закон со кој се регулираат сите права кои им следат на малцинствата.
Тој потенцира дека со овој закон ќе се регулира и употребата на јазикот на малцинтвата во администрацијата. Усвојувањето на овој закон во Собранието на Албанија е еден од приоритетните закони што ги бара ЕУ од официјална Тирана. Во проект законот не постои бугарско малцинство во Албанија, што е поздравено од страна на Македонското малцинство во Албанија.
Здруженијата на Македонците во Албанија постојано реагираа на одредени појави поттикнати од одредени групации дека во делови на Албанија живее и бугарско малцинство, со тврдењата дека во Албанија нема бугарско малцинство.
OhridNews
Макфакс