Французите направија тирамису кое тежи повеќе од еден тон и автоматски ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Готвачите од градот Villeurbanne го изготвиле џиновското тирамису на лизгалиште, бидејќи им бил потребен голем простор и добри услови за разладување.
За овој рекорд беа потребни 4000 јајца, 300 килограми сирење маскарпоне, 60 килограми павлака и 180 килограми кекс. За украсувањето биле употребени 12 килограми чоколадо и пет килограми какао прав.
Тирамисуто официјално тежи 1.037 килограми и целосно го надмина претходниот рекорд кој изнесуваше „само“ 783 килограми.