Вечерва се затвара 23-то коло на Премиер лигата со натпреварот помеѓу екипите на Tottenham и Mancester City.
Познавајќи ги овие две екипи, очекуваме динамичен натпревар и многу голови. Влогот е голем за екипата на Manchester City. Со победа ќе избијат на првата позиција пред Arsenal кој што во синоќешниот натпревар извади само бод против незгодната екипа на Southampton, а со пораз и евентуална победа на Chelsea ќе паднат на 3-та позиција, па затоа момците на Мануел Пелегрини мора да мислат само на победа вечерва.
Друг факт за нашиот избор се и последните 6 натпревари на Manchester City, кој е без пораз со гол разлика од 24 дадени голови и само 4 примени, додека Tottenham има 4 победи,1 нерешен натпревар и 1 пораз.
Според традицијата во последните 6 меѓусебни натпревари исходот е 5:1 во корист на City.
Останува да видиме дали Агуеро,Негредо и другарите вечерва ќе продолжат со убавата игра и убавите резултати.
Јане Лабоски