На огласот кој го распиша Ј.П.”Охридски Комуналец” за типизирани куќарки се јавил само еден понудувач со идејно решение кое не ги задоволило критериумите поставени од јавното претпријатие. Од тие причини во 2010 година  ќе биде распишан нов оглас, информираат од „Комуналец“.

Оттаму додаваат дека во тек е  изготвување на елаборатот и техничката документација за поставување на типизирани куќарки во градот, за што бил известен Секторт за урбанизам при општина Охрид.

Ohridnews