Macedonia-Australia 2 (2.0)
Вечерва на Филип Втори Арена пријателски натпревар играат Македонија-Австралија,а наш избор се гостите.
Репрезентацијата на Македонија е во очајна форма и секој натпревар со различен состав,вечерва нема да настапат најдобрите од натпреварот со Белорусија,Пачовски и Хасани,а на последните 5 натпревари општо имаат една победа и тоа во 94 минута против Луксембург со 3:2 и 4 порази (3 во низа)(Шпанија 5:1,Украина 1:0,Словачка 0:2,Белорусија 1:2).
Од друга страна Австралија е одлична само пред помалку од една недела ја стави на маки моќната Германија која се извади во последните минути од натпреварот.Австралија на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Кина 0:2,Обединети Арапски Емирати 2:0),два нерешени натпревари (Јужна Кореја 1:1,Германија 2:2) и пораз од Јужна Кореја со 0:1.
До сега овие две репрезентации се имаат сретнато еднаш и тогаш триумф издвојува репрезентацијата на Австралија со 0:1.
Со оглед на нестручноста на стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија,немотивираноста на играчите,неиграње на двајцата најдобри поединци од мечот со Белорусија и трибини со едвај 2000 гледачи,овој натпревар би требало да заврши со триумф на гостите.