Во понеделник со почеток во 19 часот, во Скопје, силите ќе ги одмерат екипите на Тинекс Пролет и Охрид. Натпреварот е од големо значење за двата ракометни суперлигаши, а пораз или реми ќе значи крај за амбициите за пласман во плејофот.
– Со победа над Охрид широко ни се отвараат вратите за пласман на местата кои водат во разигрувањето за титулата. – рече директорот на клубот Сашо Огњеновски во текот на преносот ма МТВ меѓу екипите на Тинекс и Веспрем и додаде – Пред почетокот на сезоната скроивме млада екипа и немавме некои посебни цели. Сакавме да се надигруваме со сите, а со тоа успеавме да се бориме за плејофот.
Ревијалниот натпревар меѓу македонскиот тим и унгарскиот гигант заврши со убедлива победа на гостите кои славеа со 43-17.
Во првиот меч ракометарите на Охрид претрпеа пораз од „пролетерите“ на домашен терен со погодок во последната секунда.
Мх.П.