Ракометарите на Охрид претрпеа пораз  28-21 (14-14) од Тинекс Пролет на стартот од пролетната полусезна и ги загубија шансите за пласман во плејофот во Супер лигата.

„Гладијаторите“ одлично го започнаа мечот и имаа предност од 7-4 во 15-та минута, но одбраната попушти и домаќините се вратија во игра.

Залетот домашните ракометарите го искористија и со серија погодоци стигнаа до највисоки +4 (14-10).

Со иста мера возвратија „гладијаторите“ кои до крајот на првиот дел постигнаа четири погодоци за егал (14-14).


Неефикасноста и техничките грешки во двата состави го одбележаа стартот на второто полувреме.

Домаќините во тој сегмент се поправија и постигнуваа лесни голови, а го стегнаа и обрачот пред голот. 


На тоа охридските ракометари немаа одговор кои повеќе погодуваа стативи и греди него мрежата на домашниот состав.

Со овој пораз и теоретски охридските ракометари ги загубија шансите за пласман во плејофот во Супер лигата.

Мх.П.