Одговорните во еден американски град во Масачусетс истражуваат како дури 17 девојки од исто училиште, од кои ниедна не е постара од 16 години, забременале. До сомнежот дека нешто чудно се случува дошло бидејќи бројот на трудници во училиштето бил дури 4 пати поголем од минатата година.


По последните извештаи, половина од девојките признале дека склопиле пакт да останат трудни и заедно да ги одгледуваат децата. Освен бизарниот договор, шокантно е и откритието дека еден од татковците е 24 годишен бездомник.

Како што рекол директорот на училиштето, некои од девојките упорно доаѓале на тест за бременост во училишната амбуланта, и биле видно вознемирени кога наодот ќе бил негативен.

Одговорните сега треба да утврдат кои се татковци на децата, а против нив можеби ќе бидат поднесени кривични пријави поради сексуален однос со малолетнички.