Мали Дуангде од Тајланд е највисоката тинејџерка на светот со неверојатни 208,3 сантиметри, но сеуште расте. Од мала знаела дека е поинаква од своите пријатели. Лекарите во деветтата година и констатирале тумор на хипофизата од кој претерано се лачел хормонот за раст. Иако имала две операции, нејзината здравствена состојба не се поправила, а животот и станал неподнослив бидејќи сите и зборувале дека е џин.


На училиште скогаш ја навредувале и едвај чекала да завршат часовите за да остане сама. Таа поради растот почнала да го губи видот и требало да прима инјекции за кои родителите често немале пари. Таткото и забранил да оди некаде сама бидејќи понекогаш и треба помош и да стане, а и самата вели дека е многу тешка. Има 130 килограми и влегла во гинисовата книга како највисока тинејџерка на светот.