Големите маркети во Синсинати вовеле ново правило според кое тинејџерите не смеат да одат во шопинг без придружба на возрасни. Новото правило го нарекле одредба за придружба на младите, а поради истото ќе биде ангажирано поголемо обезбедување во маркетите и трговските центри.


Според официјалните лица правилото било воведено поради фактот што тинејџерите кога се сами се многу гласни и многу посклони кон испади отколку кога се во придружба на возрасни. Така го намалуваат расположението кај останатите луѓе кои купуваат. Тоа правило е на сила само во петок и сабота навечер.