Тексашкиот тинејџер Ендрју Брисбин запишал факултет во Остин на само 14 години, а две години подоцна дипломирал на насоката за финансии, а неговите врсници сеуште немаат завршено ниту средно училиште.
Ендрју вели дека фактот што е неколку години помлад од колегите на факултет никогаш не претставува проблем. „Некои мои професори не знаат колку години имам. Сосем добро се вклопувам“-изјавил Ендрју.
Со Ендрју во Остин се доселиле и неговите родители бидејќи морале да го возат на предавања, со оглед на тоа дека нема доволно години за да вози сам.