Тинејџер од Њујорк уловил неверојатна сина сабјарка од половина тон на брегот на Хаваите. Тој учествувал во натпревар во риболов, а најголемата риба која претходно ја уловил имала само 25 килограми. Момчето, кое живее во Бруклин секоја година го посетува својот дедо кој живее на Хаваите. Како што вели, тој лови риба од својата втора година и не ни можел да претпостави дека ќе улови риба која е пет пати потешка и двојно повисока од него.

 

Каи раскажал дека му биле потребни околу 30 минути да ја внесе во бродот, за што му била потребна помош од уште три лица. Обично сабјарките се враќаат во водата поради зачувување на оваа врста. За жал, оваа риба угинала, но ќе биде искористена за храна. Со оглед на нејзината големина, ќе можат да се почестат околу 1000 лица, а сабјарките се познати по месото богато со протеини. Каи се вратил дома, а како што вели, ќе му остане неверојатниот спомен поради кој се заинтересирал за морската биологија. Сепак, бидејќи е само средношколец, за факултетот допрва ќе размислува, а моментално се бори со илјада барања за пријателство на Фејсбук.