Чиао Ченг од Кина го продал својот бубрег за да купи Ајпед и Ајфон. Тој е само еден од многуте тинејџери кои се опседнати и одушевени од скапоцените и новите предмети кои неможат да ги имаат. Но, ова момче, во очај, направило нешто што можело да го плати со животот. Смислил да го продаде бубрегот како би дошол до пари за да ги купи саканите предмети. На интернет пронашол оглас на кој за бубрег се нуделе околу 1900 долари.
Веднаш се јавил и ја договорил работата. Операцијата бил направена на 28 април во соба во напуштена зградаа во градот Ценчоу, и после три дена момчето било пуштено дома. Ги купило саканите предмети, но со тоа разбудил сомнеж кај својата мајка, која по кратко испитување открила на кој начин момчето стигнало до толку бараните предмети. Се разбира, веднаш ја известила полицијата, која за жал не успеала да им влезе во траг на луѓето кои ја извршиле операцијата.