Седумнаесетгодишник е под истрага на Јавното обвинителство на Катанија поради убиството на полицаец за време на нередите меѓу навивачите по натпреварот Катанија-Палермо. Тинејџерот е уапсен заедно со уште тројца малолетници доцна синоќа, откако бил идентификуван на видео-снимка, објавија дел од италијанските медиуми.


од нередите во Катанија

Полицаецот, загина откако врз возилото во кое се наоѓал била фрлена рачно изработена бомба.Во меѓувреме презентираните загуби од страна на клубовите од шест милиони евра со секое неодиграно коло вродија со плод по што Лука Панкали објави дека претстојниот викенд во Италија ќе се игра фудбал.

Натпреварите од 23 коло во Серија А и Б ќе се одиграат на 10 и 11 февруари додека одложеното 22 коло на програмата ќе биде во месец април. Панкали посочи и дека оние клубови кои не го минале сигурносниот тест нема да можат да ги отворат вратите за своите навивачи. Со новиот закон  само четири стадиони во Италија ги исполнуваат  безбедностите услови, тоа се стадионите во Рим, Торино, Палермо и Сиена.

Н. Цветанов