Аргентинската полиција уапси 19 годишен хакер кој упаѓајќи во бројни системи успеал да украде по 50,000 долари секој месец.


Тинејџерот бил дел од група која броела шест члена. Тие поставиле вирусни програми на неколку веб страни преку кои заразиле огромен број компјутери.

Тие ги користеле вирусите да ги добијат личните податоци на корисниците и да пресретнуваат парични трансакции, а парите ги префрлале на различни сметки.

Уапсениот тинејџер чие име не е објавено бил син на информатички техничар, а во моментот се наоѓа во домашен притвор без пристап до никаква технологија.