Тинејџер користејќи ја кредитната картичка од татко му, изнајмил две проститутки за со него да играат компјутерски игри, по што завршил во полиција.

Ралф Харди (13) од Тексас, признал дека нарачал дополнителна кредитна картичка и со пријателите направил забава која завршила со проститутки во мотел. Играле компјутерска игра „Хало“. Жената и изјавила на полицијата дека и било сомнително кога децата и рекле дека попрво би сакале да си играат „Хало“, отколку да имаат секс. На сомничавата девојка и рекле дека се луѓе со ограничен раст и дека работат во патувачки циркус. Законски се смета дека е дискриминација да се одбијат луѓе со таков вид на инвалидитет. Но подоцна, доставувачот на колачи ја алармирал полицијата откако децата прашале каде можат да инзнајмат жени за секс.


Полицајците  во мотелот пронашле 3.500 евра во кеш, играта „Хало“ и две проститутки.

Ралф рекол дека тако му е адвокат и дека нема да му замери бидејќи ионака заборавил да му купи роденденски подарок една недела претходно. Татко му бил зафатен и планирал подоцна да го изненади со патување во Дизниленд. Ралф е осуден за измама и е казнет со три години добротворна работа.