Возрасните луѓе во просек имаат 28 до 32 заби, во зависност од тоа дали им пораснале умници или не, но на 17-годишното момче од место недалеку од индискиот Мумбаи му пораснале дури 232 заби. Поради неподносливата болка, како и се поголемите проблеми со здравјето поради развој на тумор во усната шуплина, тинејџерот Ашик Гаваи бил подлегнат на седумчасовна операција со која му биле извадени забите.
Лекарката по дентална медицина која го остварила зафатот, рекла дека кога ја отвориле усната шуплина, забите, мали како бисери, почнале да се појавуваат од сите страни. Почнале да ги собираат, а со тек на време се замориле. На крајот изброиле 232. Гаваи морал да се оперира кај специјалист во Мумбаи, а неговиот лекар не знаел за каква животна опасност станува збор. Фотографиите од овој феномен набрзо ги преплавиле социјалните мрежи.