Англиски тинејџер прелажал две туристички агенции за $100,000 долари, пари кои ги искористил да патува околу светот престојувајќи во луксузни хотели.


Во шестмесечната авантура тој ги посетил Сингапур, Лос Анџелес, Дубаи, Ванкувер, Њујорк и уште неколку места каде престојувал во едни од најскапите хотели.

Тинејџерот работел во туристичката агенција “Thomson Travel” два месеци, а по напуштањето на работата ја користел шифрата на компанијата за да букира летови и хотелски сместувања за него и двајца од неговите пријатели.

Но неговата “итрина” не запрела тука па така успеал да ги пронајде податоците од “Cambridge British Airway” и букирал летови до Лос Анџелес, Њујорк, Сингапур и други дестинации каде секогаш патувал во прва класа.

Откако компаниите ги забележале потрошените средства тој би откриен од полицијата, а по краток разговор ја признал вината.